Лимонот е едно од најздравите овошја на планетата земја. Преполн е со хранливи материи, а лимонската киселина ни помага во борба против бактериите и вирусите. Дали знаевте дека кората од лимон всушност содржи најмногу витамини и минерали кои се драгоцени за нашето здравје?
Кората од свежиот лимон не е нималку вкусна, но затоа постои начин на кој може да ја направите да биде добра за јадење и многу вкусна.
Лимонот е исклучително здраво овошје, но доколку сакате од лимонот да го извлечете максимумот тогаш најдобро е да го јадете замрзнат. Најздравиот дел од лимонот е кората која секогаш останува неискористена.
Исечете го лимонот на парчиња, ставете ги во вреќичка за замрзнување и ставете ја кесата во замрзнувач. Кога ќе посакате да изедете парче од лимонот, едноставно извадете ја кесата од замрзнувачот и изедете го замрзнатото парче лимон. Лимонот и неговата кора на таков начин ќе изобилуваат со освежувачки вкус на цитрусот.
Еве кои витамини ќе ги внесете во вашиот организам доколку изедете лимон со кора:
- витамин Ц, Б6 и Е ;
- фолна киселина ;
- калциум ;
- железо ;
- калиум ;
- фосфор;
- протеини;
- рибофлавин;
- ниацин ;
- тиамин .