Рома и официјално го назначи новиот тренер

Дерби

11/06/2019

11:55

1.298

Големина на фонт

а а а

Од раководството на Рома денеска го назначија новиот предводник кој од следната сезона ќе седи на клупата на клубот од Рим.

За наследник на Клаудио Раниери е избран перспективниот тренер на Шахтјор, Пауло Фонсека кој се обврза на двегодишен договор со „волчицата“.

– Јас сум ентузијаст и сум мотивиран од предизвикот кој ни претстои. Со нетрпение очекувам да започнам да ја водам Рома, да ги запознам навивачите и да почнам со работа. Мислам дека заедно можеме да креираме нешто специјално, -беа првите зборови на Фонсека откако беше назначен за нов стратег на тимот.

46 годишниот португалски стратег во својата кариера освен во Шахтјор, каде остави најголем белег има работено и во Порто, Брага, Пакос Фереира, Авес и уште неколку помали клубови од Португалија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг