Почнало извлекувањето на бродот потопен во страшната несреќа во Будимпешта: И тела пронајдени на бродот кој потонал за само неколку секунди

Точка

11/06/2019

09:24

1.826

Големина на фонт

а а а

Спасувачки тимови од Унгарија и Јужна Кореја почнале со извлекување на потонатиот брод од Дунав во Будимпешта.

Како што пренесува "Reuters", околу мостот Маргит во Будимпешта има огромни кранови, бродови и спасувачи. 

Туристичкиот брод потонал на 29-ти мај откако се судрил со голем крузер, а засега е потврдено дека загинале 19 јужнокорејски државјани и еден унгарски член на екипажот.

Уште се трага по осум лица, а седум биле спасени.

Капетанот на крузерот се наоѓа во притвор од 1-ви јуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг