Шпанската полиција пронајде речиси еден тон кокаин, а дрогата на големо изненадување на сите, била сокриена под огромна количина на камења.
Полицајците морале со чекани да започнат да ги кршат големите блокови за да дојдат до дрогата која што била завиткана во пластични кеси. Голем дел од дрогата бил сокриен дури и во лажно направени камења. На крајот биле пронајдени околу 785 пакети од по еден килограм кокаин, а покрај тоа биле пронајдени и други видови на дрога.
Во големата полициска акција биле уапсени 11 лица за кои постои сомнение дека се дел од криминална организација составена од повеќе нарко картели од Колумбија и Венецуела, кои вршеле криумчарење на дрогата на европскиот континент.
Криумчарите го искористиле товарот од 188 илјади килограми камења, за под камењата да ја сокријат дрогата.