Необичниот живот на Гвинет Палтроу: Открила зошто не живее со сопругот

Кармин

10/06/2019

19:16

2.217

Големина на фонт

а а а

Ако некој живее потполно неконвенционален живот, тогаш тоа е Гвинет Палтроу. Нејзиниот целокупен животен стил е несекојдневен, и понатаму е одлична пријателка со поранешниот сопруг Крис Мартин, но со она што го открила за „The Sunday Times“ многумина прилично изненадила.

Имено, актерката изјавила дека со својот сопруг, Бред Фалчук, живее само четири дена во неделата, додека останатите три дена тој си заминува и спие во својот дом.


„Сите мои пријатели кои се во брак, сметаат дека начинот на кој ние живееме е идеален и дека не треба да го менуваме“, рекла Гвинет.

Исто така открила дека за оваа ситуација разговарала со својата учителка по интимност, Михаела Моехм, која ѝ дала одобрение за овој потег.

И додека покрај оваа прилагоденост ѝ цветаат рози во бракот, актерката ја поддржува и новата врска на нејзиниот поранешен сопруг, Крис, кој моментално е со актерката Дакота Џонсон. Открила дека сите заедно го прославиле Божиќ и нејзиниот брак со Бред - на Малдивите, и се пошегувала дека тоа бил нивен семеен меден месец.


Инаку, 46-годишната актерка во истото интервју се пожалила дека сите ѝ велеле дека животот ќе ѝ заврши кога наполнила 40 години, со што таа никако не се согласила и тврди дека во последните шест години ги проживеала најдобрите години од својот живот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk