Валенсија втора сезона по ред ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа е добра причина за тренерот Марселињо да размислува за засилување на екипата.
Во моментов, шпанските медиуми тврдат дека многу блиску до трансфер во Валенсија е Ајозе Перез, актуелниот напаѓач на Њукасл кој најави дека сака промена.
– По пет години во Њукасл, можеби е време за промена. Мојата желба е да се вратам во Ла Лига и да настапувам за голем клуб, тоа ќе биде добро за мојата кариера.
– Се адаптирав на англискиот фудбал и имам одлични бројки, но тој никогаш нема да биде ист како шпанскиот, – вели Перез кој постигна 48 голови на 195 натпревари во дресот на Њукасл.