Гордата Џеј Ло објавила снимка од дуетот со својата ќерка: “Сите плачевме”

Точка

10/06/2019

14:16

2.808

Големина на фонт

а а а

Пејачкиот талент на ќерката на Џенифер Лопез е огромен, а тоа 11-годишната Ема уште еднаш го докажала на концертот на нејзината мајка во склоп на турнејата “It’s My Party”.

Ема заедно со Џеј Ло ја отпеалa песната “Limitless” во чиј спот се појавува и таа самата. Џенифер била горда на својата ќерка која со своите гласовни способности ја расплакала публиката, но и славната мајка. 

“Каков глас!”, искоментирала актерката Рис Витерспун под видеото кое Џеј Ло го објавила на Инстаграм и кое за краток рок заработило околу 9 милиони лајкови.

“Сите плачевме”, напишала актерката Зои Салдана.

“Ох, Боже. Ова беше неверојатно”, искоментирала и пејачката и актерка Ванеса Хаџенс.

Џенифер, Ема и нејзиниот брат близнак Максимилијан Муниз ги доби во бракот со пејачот Марк Ентони, па затоа не нè чуди нејзиниот талент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг