Бомба од Апенините: Пол Погба се согласил за враќање на „Чизмата“

Дерби

10/06/2019

13:25

1.940

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Италија утрово пренесуваат информација која го поврзува Пол Погба со враќање во редовите на Јувентус.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека францускиот фудбалер се согласил да се врати во Јувентус ова лето, но за да се случи тоа клубот од Торино ќе мора да се ослободи од многу играчи и да собере приближно 100 милиони фунти.

Имено, во Јувентус се надеваат дека ќе најдат купувачи за Жоао Кансело, Марио Манџукиќ, Хуан Квадрадо, Даглас Коста и Матија Перин. Со нивната продажба би се собрале околу 97 милиони фунти кои ќе бидат уплатени на сметката на Манчестер Јунајтед со цел да се обезбеди враќањето на Пол Погба во Торино.

Можно е од клубот да испратат понуда во која ќе вклучат некој од споменатите фудбалери со намера да ја намалат цената која ја бара Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг