Емили повторно го покажала бујното деколте: “Луѓето велат дека сум глупава бидејќи се соблекувам, а јас заработувам милиони”

Точка

10/06/2019

11:42

4.328

Големина на фонт

а а а

На 73-тото доделување на наградите Тони во Њујорк, познатите дами ги покажале своите најдобри модни изданија, но апсолутна доминација остварила манекенката Емили Ратајковски.

Помеѓу славните личности на овогодишното доделување на наградите, најмногу погледи привлекла токму прекрасната манекенка, а за тоа најзаслужни биле секако нејзините облини и фустанот кој малку ѝ препуштал на фантазијата. 


Сите погледи биле вперени во Емили која на црвениот тепих прошетала во црн фустан со длабоки изрези на деколтето и струкот во кој ги истакнала градите во прв план.


Во едно неодамешно интервју за онлајн платформата “Poosh” на славната старлета Кортни Кардашијан, Ратајковски зборувала за негативните коментари на нејзините голи фотографии и открила дека дека воопшто не ѝ сметаат.

“Јас ја водам работата на темел на коментарите на своите фотографии, а примарната реакција на луѓето е “Ох Боже, толку си глупава што немаш што друго да понудиш”. Всушност водам бизнис од тоа, така настана мојата компанија “Inamorata” која успешно ја водам”, открила манекенката.

“Социјалните мрежи се денес дел од промоцијата на брендовите, а постарите мажи во одела велат “Ох, не ја сфаќаме сериозно”, а јас правам повеќе пари од нив и го обожувам тоа”, додала Емили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг