Меланија Трамп и Брижит Макрон со своите сопрузи Доналд Трамп и Емануел Макрон присуствуваа на одбележување на 75-годишнината од Денот Д, настан клучен за завршувањето на Втората светска војна.
За овој историски ден и Меланија и Брижит одбрале елегантни и пристојни модни стилови, но во целосен контраст – Меланија во црна, а Брижит во бела боја.
Првата дама на САД избрала црн капут со чисти линии на модната куќа Диор, во комбинација со црни потпетици украсени со метални детали во пределот на прстите на модната куќа Роже Вивије. Одбирајќи француски бренд, Меланија изразила почит кон земјата во која гостувала.
Првата дама на Франција за свеченоста избрала бел капут, под кој носела бел коктел фустан, а белата боја ја разиграла со беж високи потпетици на модната куќа Луј Витон, чии чевли Брижит често ги носи.
Која комбинација повеќе ви се допаѓа?