Моќта на црешите: Пијалок за борба против вишокот килограми и разни воспаленија

Точка

07/06/2019

19:02

2.270

Големина на фонт

а а а

Црешите според многумина го имаат местото на врвот на листата со најзастапени овошја. Со консумација на црешите, освен што ќе ви биде благодарно сетилото за вкус, ќе ви биде благодарен и организмот, бидејќи тие се едно од најмоќните и најздравите овошја.

Нутриционистите одамна ја препознале нивната вредност, па затоа на сите им ги препорачуваат, а особено на оние кои сакаат да ослабнат. Имено, благодарение на влакната, пектинот и големата количина на вода што ја содржат, црешите брзо создаваат чувство на ситост и помагаат во регулирање на лошиот ЛДЛ холестерол.

Тие нѝ помагаат во отстранување на масните наслаги од стомакот, а нивната калориска вредност е многу ниска, па така во 10 цреши има само 60 калории.

Експертите откриле дека црешите делуваат и антинфламаторно. После напорниот тренинг со нив ќе го ублажите воспалението на мускулите, а корисни се и за ублажување на болките и отоците, кои се јавуваат кај артритисот и другите ревматски болести.


Искористете ја сезоната на црешите за правење на вкусен напиток на база на цреши, кои ќе ја намалат гладта и ќе ви помогнат во намалување на вишокот килограми и ќе се борат против воспалителните процеси во телото.

Состојки за пијалокот од цреши:

- 100 грама цреши;
- 1 рака спанаќ;
- 1 банана;
- 3 дл козјо млеко или козји јогурт;
- сок од половина лимон.  


Подготовка за напитокот од цреши:

Измијте ги црешите, преполовете ги и извадете ги семките од нив. Измијте го спанаќот и исечете го на ситни парчиња. Излупете ја бананата и исто така исечете ја. Исцедете го сокот од половина лимон. Сите состојки, вклучувајќи го и млекото (или јогурт), ставете ги во блендер или апарат за смути и добро изблендирајте. Напитокот испијте го додека е свеж. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг