Првата дама на Америка ја имитира Лејди Ди? - Случајност или моден трик, проценете сами

Кармин

07/06/2019

15:42

2.497

Големина на фонт

а а а

Еден од стајлинзите кои привлекоа најмногу внимание за време на посетата на американскиот претседателски пар во Велика Британија, дефинитивно е оној во кој Меланија Трамп се појави во комплет, несомнено инспирирана од еден прочуен аутфит на Лејди Ди.

Голем дел од јавноста се воодушевил од изгледот на првата дама на Америка, која пред Бакингемската палата заблескала во бел фустан со дискретни тегет детали и неверојатен бел шешир.

Меѓутоа, модните критичари веднаш пронашле замерка во овој стајлинг, со опис дека е во прашање прилична имитација на изгледот на принцезата Дајана, која носела многу сличен шешир и комплет, пренесува „Elle“.

Но, сепак, нејзините верни фанови веруваат дека Меланија на овој начин ѝ оддала признание на легендарната принцеза, а мора да се земе предвид и дека избрала аутфит кој ја следи линијата на телото - значи, тоа е облека која првата дама на Америка инаку ја преферира, додека Дајана носела комплети кои се состоеле од блејзер и здолниште.

Белиот фустан со средна должина со тегет јака, ремен и шешир, кој оди во комплет, го изработиле по мерка исталијанското дуо на Долче и Габана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk