Фонсека ќе биде новиот тренер на Рома

Точка

07/06/2019

16:31

1.018

Големина на фонт

а а а

Португалскиот тренер Пауло Фонсека ќе го напушти Шахтјор и веќе во понеделник ќе биде претставен како нов тренер на Рома.

Рома на Украинците ќе им плати обесштетување во висина од 2 милиони евра, а Фонсека ќе го наследи Раниери и ќе се обиде да го врати римскиот клуб во Лигата на шампионите.

Фонсека е поранешен тренер на Порто и се смета за тренер кој практикува напаѓачки фудбал. Сепак, тој ќе има тешка задача да ја врати Рома меѓу најдобрите четири екипи во Серија А, со оглед на тоа што се шпекулира дека и ова лето неколку ѕвезди ќе го напуштат „Олимпико“.

Да потсетиме, Рома минатата сезона ја водеа Еузебио Ди Франческо и Клаудио Раниери, а римскиот клуб заврши на шестото место на табелата во италијанското првенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг