Било која друга девојка би се избламирала во овој фустан, но не и Пријанка

Кармин

06/06/2019

16:38

4.029

Големина на фонт

а а а

На премиерата на филмот „Chasing Happiness“, кој зборува за браќата Џонас, во центарот на вниманието биле Ник Џонас и неговата сопруга, Пријанка Чопра.

Музичарот и неговата избраничка добиле многу позитивни коментари поради избраните модни комбинации.


Ник облекол комплет во темно-црвена боја, која одлично му прилегала, додека Пријанка ги засенила сите присутни во предизвикувачка, но стилизирана црна толаета со истакнато деколте и длабок изрез. Ситната мрежа ѝ ги покрила деловите кои премногу ги истакнала, па целата комбинација ѝ дала доза елеганција.


Парот неодамна ја прослави својата прва годишнина од својата љубов, а се венчаа после само три месеци забавување. Двајцата тврдат дека не погрешиле, бидејќи се сродни души и за нив не постои никој подобар.


Пријанка е 10 години постара од Ник и често ги критикуваат дека премногу ги истакнуваат своите емоции на социјалните мрежи.

„Доколку не бев позната личностѕ, зарем мислите дека мојот Инстаграм би бил преполн со фотографии од мене и мојот сопруг? Само заради тоа што сум славна, зарем немам право да бидам горда што тој ми е сопруг, а луѓето да не ми кажуваат да го користам својот брак за лична промоција?“, изјавила Пријанка пред неколку месеци. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk