Англискиот мачор го “преземал“ шоуто на Трамп: Пред претседателот прошетал на црвениот тепих и ги собрал сите симпатии

Точка

05/06/2019

19:11

5.321

Големина на фонт

а а а

Мачорот Лари, кој живее во резиденцијата во Даутинг Стрит број 10, фотографиран е пред влезот во вторникот наутро, непосредно пред средбата со британската премиерка Тереза Меј со американскиот претседател Доналд Трамп.

Додека медиумите го чекале доаѓањето на Трамп, Лари е виден како се шета низ црвениот тепих, кој бил поставен поради посета на американскиот претседател. Потоа малку отспал, па се вратил во резиденцијата.

На многумина им било симпатично неговото однесување, па може да се каже дека им ги украл срцата на бројни луѓе ширум светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг