Apple ќе може да ве пронајде дури и кога сте офлајн

Точка

05/06/2019

16:57

1.769

Големина на фонт

а а а

Апликацијата Find My е необична по тоа што може да ги следи уредите дури и кога не се поврзани на интернет.

Apple на годишната конференција “Worldwide Developers”, наменета за развојните програмери, ја претстави новата апликација за macOS и iOS.

Наречена е Find My и би требала да ги замени досегашните апликации Find My Friend и Find My iPhone, така што на едно место ќе ги понуди нивните клучни функции и можности.


Сепак, оваа апликација е необична по тоа што, може да ги пронајде сите уреди и во случај кога тие не се конектирани на интернет преку Wi-Fi или мобилен интернет.

Mac компјутерите на Apple, оваа апликација ќе може да ги следи преку Bluetooth сигналите кои се користени за создавање на заедничка mesh мрежа со останатите уреди на Apple и со нивна помош ќе може на мапа да бидат лоцирани, пренесува The Verge.



Спонзорирани линкови

Маркетинг