Американка (21) која сака да патува стана најмладата личност која ги посетила сите држави во светот

Точка

05/06/2019

15:15

2.523

Големина на фонт

а а а

Последната станица ѝ била Северна Кореја. Американката Лекси Алфорд има само 21 година, а неодамна добила и титула. Таа е најмладата личност која ги има посетено сите држави во светот.

Лекси на 2-ри јуни објавила фотографија на својот Инстаграм профил со опис „Сега официјално ги посетив сите земји во светот“. На фотографијата девојката држи лист хартија на кој е напишано „Северна Кореја“, 31-ви мај 2019-та година, држава #196“.

Тоа значи дека Северна Кореја ѝ била последната станица, а таа го срушила рекордот.

Нејзиниот сајт со гордост го истакнува бројот 196 како број на држави кои што Лекси ги посетила, од друга страна пак, бројот на земји кои одсега треба да ги посети се спуштил на нула.

View this post on Instagram

What are 3 defining moments in your life? I’ve been thinking about this a lot and thought it would be a fun exercise to do with you guys. As someone that goes through tons of phases, both positive and negative, I get so nostalgic when I think about the things that brought me to where I am today. Here’s a few of my turning points: ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ 1. The day I passed my exams to skip Junior & Senior years of high school. 2. Bungee jumping in Switzerland the summer after I graduated from college.⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ 3. The very first time I thought about breaking the world record for the youngest person to travel to every country ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ I’ve got a pretty huge life achievement coming up with visiting my last country (!!) which I already know is going to change so much in my life. This photo may be a hint about the first place I’m going back to after I break the record 😉

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless) on

Оваа авантуристка не само што го документирала нејзиниот потфат на својот блог туку направила и низа восхитувачки фотографии и ги ставил на Инстаграм.

Во овој момент оваа девојка на Инстаграм има 63.000 следбеници и над 400 објави.

Ги посетила и Ангелските водопади во Венецуела, Мадагаскар, Туркменистан па дури и Припјад, градот во Украина во кој се наоѓа нуклеарната електрана Чернобил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг