Автомобилите Alfa Romeo ги пречекаа многубројните гости на прославата по повод националниот ден на Италија

Точка

05/06/2019

13:56

1.323

Големина на фонт

а а а

Alfa Romeo - дел од централната прослава по повод Денот на Републиката во организација на Амбасадата на Италија.

Моделите на италијанската марка автомобили Alfa Romeo ги пречекаа многубројните гости на централната прослава по повод Денот на Републиката во организација на Амбасадата на Италија, која во понеделникот, 3 јуни, се одржа во центарот Лиса.

Моделите изложени на прославата, Giulia и Stelvio, автентично го доловија духот на Италија.

Alfa Romeo освојува на прв поглед, таа е марка која креира оригинални ремек-дела со воодушевувачки италијански стил, дизајн и технологија.

Надвор од границите на својата категорија, Stelvio имаше можност да го претстави својот силен Alfa Romeo идентитет и чувство на легендарно италијанско наследство. Потребен е само еден поглед да се препознаат карактеристичниот преден триаголник, мускулестите странични линии и заден браник, сите избалансирани со идеално чувство на совршена пропорција и хармонични површини. Тоа е комбинација од сета удобност и флексибилност на SUV со нескротливиот спортски дух кој само вистинскиот Alfa Romeo може да го понуди. Со својата иновативна платформа, Stelvio одлично го соединува држењето на патот на еден спортски автомобил со комфорот на еден традиционален SUV.

Уникатна приказна креирана цел век наназад е Giulia, која ги придвижува емоциите во комбинација со богатата историја и магичниот микс од state-of-the-art технологија, перформанси инспирирани од брзина и заводнички стил. Италијанскиот пристап кон дизајнот комбинира едноставност, квалитетни материјали и занаетчиска посветеност, а оваа убавица е икона на италијанскиот дизајн.

Доколку сакате и одблиску да ги видите и пробате овие оригинални ремек-дела, направете го тоа веднаш кај ексклузивниот увозник – Аутомобиле СК на ул. „Скупи“, бр.8, 1000 Скопје.

Во прилог погледнете ја фотогалеријата од настанот:




Спонзорирани линкови

Маркетинг