„УНМИК Русмик“: Во Приштина се појавија графити против УНМИК

Макфакс

05/06/2019

13:25

1.062

Големина на фонт

а а а

На повеќе згради и други објекти во Приштина утринава се појавија графити „УНМИК Русмик“ во знак на протест поради ослободувањето од притвор на рускиот припадник на мисијата на ОН на Косово, Михаил Красношчеков, пренесува приштинскиот портал „Зери“.

Красношчеков беше уапсен на 28 мај во Северна Митровица во текот на полициската акција во која беа уапсени и неколку Срби наводно вмешани во криминал и корупција.

Во текот и по приведувањето, врз Красношчеков била применета прекумерна сила и тој се здобил со сериозни повреди.

Властите на Руската Федерација и УНМИК бараа ослободување на Красношчеков, кој потоа од Приштина беше префрлен на лекување во Военомедицинсата клиника во Белград.

Основното обвинителство во Митровица во меѓувреме побара од приштинските институции да му го укинат имунитетот на рускиот дипломат, но УНМИК се спротивстави на тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг