Путин и Џинпинг ќе разговараат за Северна Кореја

Макфакс

05/06/2019

11:31

900

Големина на фонт

а а а

Рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг денеска ќе разговараат за актуелни меѓународни теми, вклучително и за Северна Кореја, Иран и Венецуела.

,,Ставовите на Кина и на Русија за важните меѓународни прашања или во целост се поклопуваат или се слични”, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков.Тој како предвидени теми за разговор ги посочи ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во Венецуела, потоа иранската нуклеарна програма, договор за Сирија, соработката во азиско-пацифичкиот регион, како и односите на Русија и Кина со големите западни сили, меѓу кои и САД.

Путин и Си по разговорите во Кремљ ќе присуствуваат на церемонијата на предавање на две големи панди на Московската зоолошка градина, а за вечерва е предвиден свечен концерт во Болшој театар по повод 70 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг