Матрикс со пеколно второ полувреме до победа над Телеком и влез во Ф4

Точка

05/06/2019

09:58

867

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Матрикс со пеколно второ полувреме до победа над Телеком и влез во Ф4

Матрикс 3-2(0-2) Македонски Телеком

Матрикс: Антонио Богдановски 29’ Драган Брњарчевски 34’ Петре Даиловски 34’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Даниел Анчевски 15’

Возбудливо прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Матрикс и Македонски Телеком, екипата на Телеком одлично го започна овој натпревар со погодокот на Лазаревски во 3та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли пред голот на Телеком и вршеше константен притисок како би дошла до изарамнување, таквата отворена игра на Матрикс преку контра напад во 15та минута ја казни екипата на Телеком со втор погодок и водство од 0-2. До крајот на полувремето екипата на Матрикс со сите сили се обидуваше да постигне погодок и да фати резултатски приклучок, но не успеаа во таа намера па на паузата се замина со 0-2. Уште на стартот на второто полувреме екипата на Матрикс ја превзеде иницијативата и вршеше жесток притисок кон голот н аТелеком, тие успеаа да креираат неколку одлични шанси за погодок но голманот на Телеком со одлични интервенции го сочува својот гол. Екипата на Телеком успеваше да одолее на овој притисок се до 29та минута кога Богдановски успеа да постигне погодок и да го намали водството на 1-2. Овој погодокна екипата на Матрикс и даде ветер во грб па во само една минута, поточно во 34та минута успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 3-2

Макпетрол со тимска игра до победа над Сава Осигурување

Макпетрол 8-2(4-1) Сава Осигурување

Макпетрол: Илчо Филипоски 40’ Ибраим Исмаили 18’ Мишо Ѓоргиевски 9’ Игор Стојковски 40’ Марко Костенцовски 13’ 20’ 23’ 25’

Сава Осигурување: Трајче Илиевски 10’ Андреј Китановски 35’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Сава Осигурување, уште на самиот старт екипата на Макпетрол наметна жестоко темпо на игра што и донесе погодок во 9та минута и водство од 1-0. Следуваше брз одговор на екипата на Сава Осигурување која со погодок во 10та минута го израмни резултатот на 1-1. Во вториот дел од полувремето екипата на Макпетрол покажа одлична игра во сите сегменти и го доби ова полувреме со резултат од 4-1. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување со чести ротации на играчи вршеше жесток притисок кон голот на Макпетрол со цел да постигне погодок и да фати резултатски приклучок, но екипата на Макпетрол одлично ја постави играта во одбраната не дозволи никакво изненадување и го доби овој натпревар со 8-2.

Лукоил супериорни во дуелот со Гранит

Лукоил 8-4(4-1) Гранит

Лукоил: Владимир Секуловски 24’ Дејан Зиков 28’ Анѓелчо Арсов 18’ Мартин Алаѓозовски 10’ 20’ Антони Фенов 20’ 35’ 40’

Гранит: Дарко Петров 18’ Дарко Стојановски 29’ Пепи Мицев 40’ Маријан Пачарски 39’

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Лукоил и Гранит помина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Лукоил започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и одлично воиграни акции што им донесе водство од 1-0 во 10та минута. Екипата на Гранит нападна жестоко кон голот на Лукоил и успеа во 18та минута да постигне погодок за израмнување на 1-1, но веќе во истата минута Лукоил успеа да реализира за повторно водство од 2-1. Кога се очекуваше на полувремето да се замине со резултат од 2-1 во последната минута екипата на Лукоил успеа да постигне два погодоци и на полувреме да замине со предност од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит тргна со сите сили во офанзива, но малку подзаборваи на својата одбрана што Лукоил го казни со погодок во 24та минута за високи 5-1. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил имаше целосна контрола врз резултатот и играта па го доби овој дуел со високи 8-4

Рамстор со голман-играч го изненади Џонсон Мети

Џонсон Мети 3-5(2-2) Рамстор

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 39’ Благоја Божиновски 1’ 5’

Рамстор: Ибрахим Бекир 25’ Михрем Мемед 23’ Енгин Мемеди 27’ Алтај Иметовски 7’ 7’

Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот против Рамстро, екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок уште во првата минута од натпреварот и да го превземе водството. Овој рано постигнат погодок како да ја шокираше екипата на Рамстор па Џонсон Мети за кратко време односно во 5та минута успеа повторно да реализира за 2-0. Во 7та минута од натпреварот со двата атрактивни погодоци на својот голман играч екипата на Рамстор успеа да постигне израмнување на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку изгледни прилики за гол но не успеа да реализираат па на полувреме се замина со резултат од 2-2. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор со голот на Мемед успеа да направи целосен пресврт за водство од 2-3, а веќе следната минута со погодокот на Бекир да го зголеми водството на 2-4. По оваа негатива екипата на Џонсон Мети направи промена на тактиката во игра внесувајќи голман играч во своите редови, но екипата на Рамстор одлично ја постави својата игра во одбраната и не остваи многу порстор за екипата на Џонсон Мети и успеа да го добие овој натпревар со 3-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг