Американскиот државен секретар: Ќе преговараме со Иран кога ќе бидат нормални!

Точка

03/06/2019

17:06

1.218

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Мајк Помпео порача дека Вашингтон има намера да преговара со Техеран, но само кога Иран конечно ќе започне да се однесува како нормална држава.

Мајк Помпео кој моментално се наоѓа во посета на Швајцарија, порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени „без услови“ да преговараат со Иран, но пред тоа да се случи, американскиот државен секретар вели дека Иран ќе мора да почне да се однесува како „нормална држава“.

Неговата ијава доаѓа откако властите од Техеран исто така порачаа дека преговорите се можни, но само доколку Американците покажат „почитување“ кон Иран.


Да потсетиме, Соединетите Американски Држави се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор и одново започнаа да воведуваат жестоки санкции против оваа држава, далеку построги од санкциите кои администрацијата на Обама ги воведуваше пред постигнувањето на договорот.

Покрај тоа, во изминатите неколку месеци Американците значително ја зголемија воената присутност во Персискиот залив, поради како што велат, спречување на евентуални „ирански напади на американските интереси“.


Според аналитичарите, иако после најновите изјави на властите на двете земји има најава за де-ескалација и може седнување на преговарачката маса, сепак тоа и натаму е далеку.

Изјавата на Помпео ја прокоментира портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави: „Иран нема да обрнува внимание на игрите на зборови и претставувањето на скриените агенди на еден нов начин“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг