Извлечете се од "маѓепсаниот круг": Само 10 минути секој ден се доволни за среќа

Точка

31/05/2019

19:49

2.828

Големина на фонт

а а а

Не е потребно многу за среќа, велат многумина, а последното истражување вели дека за нејзино достигнување потребни се само десетина минути. Овие 10-минутни вежби ќе ви помогнат да го совладате стресот, кој за неколку години и официјално ќе се најде на листата на болести на Светската здравствена организација.

Стресот исцрпува, па не дозволувајте било што да ви ја тргне насмевката од лицето и да го уништи вашиот душевен мир. Не постои работа што не може да се реши, постојат низа стратегии кои ќе ви помогнат да се извлечете од овој "маѓепсан круг". 

Научната област таканаречена позитивна енергија постои веќе 20 години и пружила безброј техники за подобрување на вашето расположение.

Сенди Мен, предавач на универзитетот Ланкашир, во својата книга нуди решение за излегување од "маѓепсаниот круг". Потпирајќи се на своето искуство како клинички психолог, таа има некои сугестии кои може да ви помогнат.

Како што наведува во својата книга "Десет минути до среќа", нејзината програма е во облик на дневник, кој се состои од 6 фази:

1. Какви искуства ви пружаат задоволство?

2. Кои пофалби и повратни информации сте ги добиле?

3. Кои биле моменти на чиста среќа?

4. Какви се вашите достигнувања, колку и да се мали?

5. Што направило да се чувствувате благодарно?

6. Како сте изразиле љубезност?

Суштината на програмата не наведува на тоа да одвоиме малку време за осврт на претходниот ден, па на овој начин полека можеме да го промениме начинот на размислување и на крајот да најдеме повеќе среќа во својот живот.

Кога чувствуваме дека расположението ни опаѓа, лесно е да се предвидат работи кои се движат во правилна насока, а водењето на таквиот дневник во прв план го доведува и вашето внимание.

Сенди Мен нагласува дека резултатите не доаѓаат само од моменталната состојба додека ги пишувате позитивните работи, туку повтореното читање на претходните забелешки може да ви помогне да се носите со тешките ситуации во иднината.

Благодарение на вашата социјативна меморија, мрачно расположение, кое предизвикува уште еден лош настан, може да ве наведе да се сеќавате на други извори на стрес и несреќи. Кога тоа ќе се случи, прелистувањето на страниците на дневникот може да ви помогне да ја видите светлината на крајот од мрачниот тунел.

Една од точките се темели на неодамнешното истражување на моќта на љубезноста. Различни истражувања откриле дека несебичните акции не само што ја зголемуваат добрината на оние околу вас, туку и постојано го поттикнуваат вашето добро расположение.

Ако потрошите малку пари за да помогнете на странец, тоа ќе ве направи многу посреќен, наместо тие пари да ги потрошите на себе, што е резултат на истражување спроведено во повеќе од 130 земји.

Доколку се сконцентрирате на овие 6 точки, тие ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од топлите чувства, а истовремено ќе ве поттикнат да побарате нови можности следниот ден.

Десетминутниот преглед на вашиот ден не може да направи чуда, секако, а Сенди Мен нагласува дека кој се сомнева дека можеби пати од депресија мора да посети лекар и професионална медицинска нега.

Оние кои генерално чувствуваат дека расположението име е ниско и се под стрес, без посериозни клинички симптоми, прегледот може да им помогне да се вратат на вистинскиот пат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг