“Срцето ми препукна кога го дознав полот на детето”: Мајка во 16-та недела од бременоста едвај го криела своето разочарување

Кармин

31/05/2019

13:13

6.327

Големина на фонт

а а а

Сиа Купер е личен тренер кој на социјалните мрежи има околу 100 илјади следбеници со кои често го споделува нејзиното секојдневие.

Купер е отворена и непосредна, па затоа честопати ја осудуваат поради содржините кои ги објавува. Има две деца, а овој пат ја споделила приказната кога го дознала полот на нејзиното второ дете, што ѝ паднало тешко, а ваквата контроверзна изјава наишла на мноштво поделени реакции. 

““Добро, дали сте спремни за новости?”, ме праша медицинската сестра. Со воодушевување ѝ потврдив, а потоа ми го кажа полот на детето – и паднав во очај.

“Момче е?”, прашав воодушевено.

“Не”, одмавна таа со главата, набљудувајќи ја снимката.

“Девојче?”, прашав разочарано, сепак надевајќи се дека нешто погрешно сум сфатила.

“Да, девојче е”, ми потврди.

Срцето ми потона. Во тој момент бев во 16-та недела од бременоста. Веќе бев мајка на едно слатко момченце и сакав да бидам мајка на барем уште едно. Додека ја гледав снимката од ултразвукот, соништата ми се рушеа пред очи.

Од тој преглед не престанав да плачам, криејќи се од мојот сопруг.

Знам што мислите. Дека сум плитка, неблагодарна, лоша мајка. Знам дека би требало само да посакувам детето да е здраво. Знам дека мислите дека сум себична. И во право сте. Најважно е бебето да е здраво. Но, сепак за да ме разберете, мора да знаете нешто за моето детство.

Никогаш не сум била блиска со мојата мајка. Напротив, бевме само двајца странци и тоа останавме до ден-денес. Секогаш им завидував на децата од моето опкружување и на нивните прекрасни мајки.

Кога мајка ми се премажи и доби син од мојот очув, нашиот однос се промени. Тогаш веќе бев тинејџерка. Таа толку многу ме предупредуваше дека не смеам да бидам дебела што на 14 години страдав од булимија. Ми говореше дека сум одвратна. Постојано живеев во страв од навредите, а во нејзините напади на бес не се воздржуваше да ме удри.

Затоа се плашев од ќерка. Поради односот со мојата мајка, никогаш не им се приближував на жените. Никогаш не сум имала блиски пријателки, мислев дека е невозможно да бидам блиска со друга жена.

Затоа стравував дека ќе го уништам животот на ова девојче. Се плашев дека ќе поминува низ истите работи низ кои поминував и јас. Наскоро почнав да одам на терапија. По многу разговори, работите се подобрија до таа мера што денес можам отворено да зборувам за тоа. Бидејќи многу жени се плашат да говорат за тоа дека посакуваат дете од одреден пол. Тоа е табу тема, но мора да се зборува за истата.

На сите вас имам да ви кажам само една реченица која предоцна ја слушнав: “Нема да го добиеш она што го сакаш туку она што ти треба”.

И токму така е, бидејќи мене всушност ми требаше едно девојче кое конечно ќе ме ослободи од стравот од жени”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk