Германија му нуди поддршка на новоизбраниот украински претседател

Макфакс

30/05/2019

14:31

878

Големина на фонт

а а а

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави денеска дека неговата земја сака да му понуди поддршка на новоизбраниот претседател на Украина, но, исто така, повика на понатамошни реформи во земјата која е погодена од корупција.

Говорејќи пред да замине во посета на Киев со својот француски колега, Мас рече дека Германија и Франција нема да престанат да ѝ даваат помош на Украина, објави АП.

Тој рече дека Украинците вложиле големи надежи во изборот на Володимир Зеленски.

„Сакаме да го поддржиме претседателот Зеленски за да ги исполниме овие надежи”, рече Мас, додавајќи дека „се потребни понатамошни реформи, особено во борбата против корупцијата”.

Тој, исто така, изрази надеж дека изборот на Зеленски би можел да ги придвижи напорите за постигнување мир на истокот на Украина, велејќи дека Германија и Франција „ќе бараат конструктивен придонес од Русија”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг