Интернет корисниците во шок: Погледнете како денес изгледа помалата ќерка на Обама

Кармин

29/05/2019

15:06

5.120

Големина на фонт

а а а

Младата ќерка на Барак и Мишел Обама, Саша Обама, веќе има 17 години, а фотографиите од нејзината матурска прослава го преплавија интернетот.

Никој не може да поверува колку брзо пораснала и дека таа е истото она девојче кое на 8-години живееше во Белата куќа со родителите и постарата сестра Малија.

Саша на матурската забава облекла тесен црн фустан со висок пресек, а фановите на семејството Обама се воодушевени од нејзиниот изглед. Со оглед на тоа дека Саша ретко се појавува во јавност, нејзиниот матурски изглед многумина оставил во неверување.


Фотографиите на Твитер ги објавил нејзиниот братучед, партнерот на матура и со брзина на светлината се прошириле на социјалните мрежи. Саша наесен би требало да почне да оди на факултет, но сè уште не се знае за кој Универзитет се одлучила. Нејзината сестра Малија студира на Харвард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk