Неоткриена земја во Европа за која ретко кој слушнал – ја нема ниту на мапа

Точка

29/05/2019

21:44

12.421

Големина на фонт

а а а

За земјата помеѓу Кавказ и Црното море слушнал само мал процент на луѓе, а причината за тоа е што ја нема на мапа. Некогашната автономна советска социјалистичка република во внатрешноста на границите на Грузија прогласила независност во 1992 година, а ја признале Русија, Никарагва, Венецуела и Науру, како и Јужна Осетија и Придњестровље.

Меѓународните организации како што се ОН, Европската комисија, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Апхазија како дел од Грузија и го поддржуваат нејзиниот територијален интегритет. 


Главниот град на Апхазија е Сухуми, приморски град сместен на источниот брег на Црното море. Во периодот на поранешниот Советски Сојуз, Апхазија била омилено летувалиште и одморалиште за сите вљубеници во природата.

Остатоците од римските ѕидини, дворци, Беслетскиот мост од 12-тиот век како и ботаничката градина со повеќе од 5000 растителни видови од 1840 година се само дел од атракциите на Сухуми.


На околу 70 километри од Сухуми се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што само по себе е глетка за паметење, и самото возење до него преку Кавказ е вистински спектакл.


Со погледот кон густите шуми и водопадите, туристите со автомобил или автобус се искачуваат на 950 метри надморска височина на која се наоѓа езерото, опкружено со планини кои се издигнуваат и до 3500 метри. На ова место, свој летниковец покрај езерото имал и Јосиф Сталин.


Британскиот фотограф Џејмс Кервин, преку својот објектив “фатил” дел од Апхазија кој прикажува напуштени згради, железнички станици и убави архитектонски објекти.





Спонзорирани линкови

Маркетинг