Иран со јасна порака: Ако Американците направат нешто глупаво, ќе им ги потопиме бродовите!

Точка

25/05/2019

14:18

3.849

Големина на фонт

а а а

Иранскиот генерал Мортеза Корбани тврди дека Иран може да ги потопи американските воени бродови во Персискиот залив со употреба на ракети и „тајно оружје“.

„Америка испраќа два воени бродови во регионот. Ако направат нешто глупаво, ние ќе ги потопиме тие бродови, заедно со нивниот екипаж и нивните авиони“, изјави иранскиот генерал Корбани кој е советник во иранската воена команда.

Тој не откри со што Иранците би можеле да ги потопат американските бродови, а секако, јасно е дека најголема мета на Техеран ќе биде носачот на авиони “USS George Washington” кој има капацитет од 90 авиони и моментално се наоѓа во Арапското море.


Соединетите Американски Држави синоќа најавија распоредување на од 900 до 1500 нови војници на Блискиот исток, откако претходно Вашингтон ја обвини иранската Револуционерна гарда за нападите на нафтените танкери на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Норвешка во водите на Персискиот залив.

Американците сакаат да го забрзаат распоредувањето на ударните групи на носачи на авиони, а од неодамна во воената база на американската армија во Катар пристигнаа и неколку стратешки бомбардери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг