Преубава и смртоносна: Поради „кралицата на оружјето“ од Израел ќе ви застане здивот

Точка

23/05/2019

17:15

3.685

Големина на фонт

а а а

Орино Џули е дел од војската на Израел од 2012-та година, а сега се испробала и во улогата на манекенка.

Орин Џули, ветеранка на израелските одбранбени сили и самопрогласената “кралица на оружјето“ заради која на светот му застанува здивот, вели дека е љубоморна на американскиот закон за оружје, со кој на цивилите им е дозволено да поседуваат оружје. Како што вели таа, адреналинот кој го чувствува кога држи оружје во рака е непроценлив.

Орин го осудува “скржавиот“ израелски закон. Вели дека САД има најдобар закон за оружје во светот и дека жали што во Израел не може легално да поседува оружје како цивил.

„Благословена сум со одредени вештини и сакам да бидам најдобрата верзија од себе. Го сакам адреналинот кој го чувствувам кога држам пиштол во рака. Се чувствувам моќно и чувствувам дека имам контрола“ - вели Орин.

Џули започнала да служи во војска во 2012-та година. Прво добила канцелариска работа и не била задоволна со тоа па барала да биде активирана во воената служба. Тоа ѝ било одобрено во 2013-та година.

Почнала да ги објавува своите фотографии и за брзо време ја исконтактирале од воената индустрија за да работи како манекенка за нив.

„Почнав да објавувам нешто што дотогаш не беше вообичаено на социјалните мрежи. Тоа беа фотографии без бикини, само јас, мојата женственост и моето оружје. Жените можат сè што сакаат. Во војската и било каде на друго место“ - тврди Орин.

Исто така таа ги критикува луѓето кои не се согласуваат со Трамп.

„Тој сигурно не е против Израел. Неговиот зет е Евреин. Трамп ја премести амбасадата во Ерусалим. Барак Обама не го сакаше Израел, но Трамп нè поддржува“ - изјавила Орин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг