Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Макфакс

22/05/2019

17:04

2.276

Големина на фонт

а а а

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле Богоевски за кого се обелодени аудиоснимка дека наводно нарачува психотропни супстанции, 66,4 проценти од анкетираните одговориле дека тој треба да даде оставка од функцијата.

Анкетата беше објавена вчера на 13 веб-страници и траеше 24 часа. Во овој период гласале 4.672 лица.

Над 16 отсто од испитаниците сметаат дека Богоевски треба да направи наркотест за да се утврди дали е тој уживател на психотропни супстанции, а 12,6 отсто од анкетираните сметаат дека Богоевски не треба да поднесе оставка бидејќи тоа е негова лична работа. Само 4,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека треба да се пронајде возачот на такси-возилото што наводно го снимил телефонскиот разговор на Богоевски.

Од анкетираните 4.672 испитаници, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, 65 отсто биле мажи, најголем дел на возраст од 25 до 44 години. Повеќе од 86 проценти гласале од Македонија, а другите од Германија, Швајцарија, Австралија, Велика Британија и од други држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг