Фановите “згрмеа“: Келвин Клајн да престане да ја промовира LGBT заедницата и да ја укине новата реклама со Бела Хадид

Кармин

22/05/2019

13:43

1.923

Големина на фонт

а а а

Реномираната модна компанија се извинила, но прашањето е дали ќе биде под поголем притисок затоа што не ја повлече рекламата? Келвин Клајн според мислењето на фановите треба да ја повлече рекламата за најновата кампања затоа што тие сметаат дека таа е чиста промоција на хомосексуалноста.

Иако оваа модна куќа е препознатлива по тоа, сепак сега се смета дека таа ги премина сите граници. 

Модниот бренд од САД, Келвин Клајн, беше принуден да се извини затоа што неговите фанови го обвинија за LGBT промоција во новата рекламна кампања.

Во рекламата се појавува Бела Хадид која го бакнува фиктивниот женски дигитален лик познат како Лил Микуела.

Луѓето го обвинија брендот за LGBT промоција, но и дека оваа кампања ја потенцира хомосексуалноста за да ги привлече геј фановите кои претставуваат добар дел од неговите клиенти.

„Кој ќе им каже на одговорните на компанијата Келвин Клајн дека треба да почекаат до јуни за ваков вид огласна кампања која има за цел да ги привлече геј клиентите. Лил Микуела и Бела Хадид се “галат“ две недели претходно“ - луто напишала на Твитер Медисон Малон Кирчер, помошник уредник на списанието „New York“.

Јуни често се нарекува “месец на гордоста“ кога поголемиот дел од LGBT настаните почнуваат да се организираат.

„Концептот на нашата најнова кампања "#MICALVINS" е промовирање слобода за поширокиот спектар на идентитети, вклучувајќи го и спектарот на родови и сексуални идентитети. Оваа специфична кампања е направена за да се спротивстави на конвенционалните норми и стереотипите во изјаснувањата на луѓето“ - соопштиле од брендот Келвин Клајн во знак на извинување на нивните клиенти.

Од оваа компанија велат дека разбираат и признаваат дека прикажувањето на личностите кои се изјаснуваат како хетеросексуални, што во овој случај е Бела Хадид во страствениот бакнеж со личноста од ист пол може да се смета и за LGBT.

„Како кампања со долгогодишна традиција со застапување на правата на LGBTQ+ секако дека намерата не ни беше погрешно да ја претставиме LGBTQ+ заедницата. Искрено жалиме заради било каквите напади“ - додале од компанијата. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk