Ренесансна вила со која и Микеланџело би бил импресиониран

Точка

20/05/2019

18:15

4.133

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал животот во Сикстинската капела? Една вила која се најде на пазарот за недвижнини во Сан Франциско може да ви го даде одговорот на тоа прашање.

Ви ја претставуваме Villa La Sosta, имот кој вреди 18,9 милиони долари, а толку е орнаментен што би ги импресионирал и некогашните легенди и мајстори. Имотот во ренесански стил има 800 квадрати рачно изработени мурали, јонски столбови и фигури од мермер.


На многу мала оддалеченост од центарот на градот, вилата La Sosta се наоѓа во познатата енклава Рос. Со своите два хектари земја таа ќе ви понуди многу забава и на отворено, но веруваме дека нејзиниот ентериер ќе ве маѓепса.


Секој детаљ од овој дом, од единствените железни детали до изрезбаните мотиви и мозаици се рачно изработени. Муралите го исполнуваат секој ќош и простор од овој дом, допринесувајќи за ренесансната атмосфера. Во чест на мајсторите поставена е и статуата на Давид од Микеланџело во градината.


Кога ќе завршите со прекрасните слики, овој дом со шест спални соби и десет бањи и понатаму имаа неколку трикови во својот ракав.


Апартманот Мастер содржи рачно изработена врата, џакузи во затворен простор и нов гардеробер со рачно изработени детали, додека пак дневната соба е декорирана со голем камин од едната срана и бар со мермерни фигури од другата страна.


На приземјето се наоѓаат трпезаријата и кујната, додека пак низ вратата која се отвора од терасата може да се види една од фонтаните. Доколку вие и вашите гости сакате да се релаксирате на отворено, овој имот поседува и свој тениски терен, терен за бочање и одвоен павилјон со базен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг