Наполи го договори Иличиќ, ама трансферот зависи од еден натпревар

Макфакс

20/05/2019

17:40

1.294

Големина на фонт

а а а

Наполи ги договори условите со играчот од средниот ред, Словенецот Јосип Иличиќ (31) кој од лето би требало да стане дел од клубот од Неапол, пренесува „Скај спорт“.

Клубот од југот на Италија на одличниот Иличиќ му нуди годишна плата од 2,2 милиони евра, а на Аталанта ќе и припаднат 12 милиони евра за отштета.

Сепак, се чини официјализирањето на трансферот зависи од еден натпревар, оној на Аталанта во Бергамо против Сасуоло во последното коло од Серија А. Доколку Аталанта забележи победа, наредната година ќе игра во Лигата на шампиони, бе оглед на останатите натпревари.

Доколку Аталанта идната сезона се натпреварува во ЛШ, сигурно дека би сакала да го задржи Словенецот кој на 35 меча сезонава постигна 13 гола, а асистираше на 9 пати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг