Невена Божовиќ е разочарана поради тоа што на Евровизија освои 17-то место, а најмногу ја погодило тоа што македонското жири не ѝ даде ниту еден поен.
Холанѓанецот Данкан Лоренс победи, а претставничката на Србија веднаш заминала во хотелот по своите работи и со првиот лет истата вечер се вратила во Србија.
Таа не очекувала дека ќе победи, но очекувала далеку подобар пласман и многу повеќе поени од соседните земји.
„Таа очекуваше 12 поени од македонското жири, а доби нула! Од друга страна, Србија на македонската претставничка, Тамара Тодевска, и даде максимални 12 поени. 'Не ми се верува', повторуваше Невена кога сфати дека ниту од жирито од Словенија ниту од Унгарија не доби ниту еден поен, а од жирито од Хрватска само четири поени“, раскажал извор близок на пејачката.