Заев-Хан: Северна Македонија покажа дека заслужува датум за почеток на преговори со ЕУ

Макфакс

20/05/2019

17:14

1.227

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска, на маргините на Виенскиот економски форум, се сретна со еврокомесарот за поширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев го информирал еврокомесарот Хан за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, коишто, како што рекол Заев, се уште еден доказ дека земјата е стабилна и сигурна и дека со право заслужува да добие датум за преговори со ЕУ ова лето.

Исто така, на средбата премиерот Заев истакнал дека нема друга алтернатива за Република Северна Македонија, освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

„Отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ е единствената гаранција дека земјата и натаму ќе биде стабилна, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Северна Македонија“, рекол Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг