Ременски контра Спасовски за ангажирањето на тајните агенти

Макфакс

20/05/2019

17:13

1.175

Големина на фонт

а а а

За посебната истражна мерка поврзана со лицата со прикриен идентитет да одлучува Судот наместо директорот на новата Агенција за национална безбедност која треба допрва да се формира, предложи пратеничката Фросина Ташевска Ременски на денешната амандманска расправа на комисијата за безбеднсот.

Според неа, на тој начин ќе се спречат можни злоупотреби директорите неовластено да создаваат параполициски движења на државна сметка, а како пример ги посочи настаните од 27 април и Александар Василевски Нинџа кој на судењето се претстави како таен агент ангажиран од УБК.

„Имајќи предвид дека и во актуелни судски постапки на СЈО, во кои како сведоци се повикуваат лица кои ги обезбедиле незаконски следените комуникации, во кои слушавме изјави од обвинети и од лица кои се во самото обвинение дека биле ангажирани како агенти, извршувале одредени активности по наредба од обвинети лица во постапката на СЈО. Меѓутоа, никој досега не даде одговор дали и по кој основ тие лица се ангажирани. Говорам конкретно за изјавата на т.н. Нинџа, кој излезе со тврдење дека бил ангажиран од Управата во извршување на некакви специјални задачи“, изјави Ременски.

На иста линија со Ремеснки беше и пратеникот Павле Богоевски кој направи паралела со законот за следење на комуникациите.

Министерот Оливер Спасовски го одби овој амандман како и повеќето од пратениците од власта и опозицијата. Едно од образложенијата беше дека со можноста директорот на Агенцијата да одлучува за лицата со прикриен идентитет, се дава поголема можност за оперативност на Агенцијата, а како второ агенцијата, како што рече тој, не работи по законот за кривична постапка.

„Во моменти кога ќе се потврдат доволно индиции и ќе има сериозен сомнеж дека некој може да го загрози уставниот поредок и има група за криминал, тогаш мерки презема Јавната безбедност и тогаш имаме утврдување посебни истражни мерки по Законот за кривична постапка. И во тој закон не стои дека судот определува посебна истражна мерка користење лица со прикриен идентитет за следење и прибирање информации и податоци“, рече Спасовски.

Вкупно се поднесени околу 90 амандмани за агенцијата за безбедност, а на дневен ред е и законот за координација на безбедносно разузунавачката заедница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг