Валверде потврди: Има контакт со Гризман

Точка

20/05/2019

17:30

1.124

Големина на фонт

а а а

Францускиот напаѓач Антоан Гризман неодамна потврди дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, па шпанските медиуми веќе го преселија во Барселона.

Многумина веруваат дека Гризман ќе ја продолжи својата кариера во дресот на Барселона, а иако има се повеќе гласини за тоа дека Французинот наскоро ќе се пресели на „Камп Ноу“, засега нема никакви официјални вести.

Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде деновиве за шпанските медиуми откри што се случува во врска со трансферот на Гризман во Барселона.

„Точно е дека се остварени контакти во врска со тој договор и тоа се уште трае. Но, сезоната за нас не е завршена, имаме финале од Кралскиот куп. Мораме да останеме фокусирани до крајот и после финалето ќе има време за тие други работи. Моментално не сакаме да зборуваме за играчи на другите клубови“, изјави Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг