Пеп Гвардиола и оваа сезона ги предводеше „Граѓаните“ до нова титула во англиската Премиер лига.
Манчестер Сити ја доби возбудливата битка со Ливерпул за титулата во Премиер лигата, а иако оваа сезона „Граѓаните“ не го остварија очекуваниот успех во Лигата на шампионите, јасно е дека за управата на Сити прв избор и натаму е Гвардиола.
Треба да се истакне дека Сити покрај титулата во Премиер лигата, ги обедини сите титули во Англија, освојувајќи го и Лига и ФА Купот, па така од управата на клубот од Манчестер наскоро ќе му понудат нов договор на Гвардиола.
Англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола ќе добие понуда од 5 годишен договор тежок 100 милиони евра, односно дури 20 милиони евра по сезона и речиси сигурно е дека Шпанецот ќе остане на „Етихад“ и во иднина, нешто што и самиот Гвардиола неодамна го потврди.
„Останувам уште две години доколку Сити ме сака. Задоволен сум и не ми се оди никаде. Работата сигурно ќе се мери по тоа дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите или не, но подготвени сме за новите предизвици“, изјави Гвардиола.