Asus претстави телефон со уникатна селфи камера

Точка

20/05/2019

17:28

1.977

Големина на фонт

а а а

Одличниот хардвер, пристапната цена, големиот екран и интересната ротирачка камера се главните адути на новиот Zenfone 6 на Asus.

Мобилните компании се обидуваат да пронајдат што е можно подобро решение за сместување на предната селфи камера, а истовремено екранот да зафаќа што е можно поголема површина.

Новиот телефон на Asus пристигнува со навистина уникатно решение – телефонот поседува една (задна) камера, која благодарение на ротирачкиот механизам, ротира нагоре и се поставува над екранот.


Резолуцијата на главната камера изнесува 48 мегапиксели, а секундарната има 13 мегапиксели, што значи дека корисниците ќе можат да користат прилично добри камери за своите селфи фотографии. Покрај тоа, камерата е опремена и со Super Night Mode технологија која овозможува правење на фотографии во услови на слабо осветлување.

Покрај интересното решение за селфи камерата, благодарение на кое овој телефон пристигнува со 6,4-инчен екран кој се протега на целата предна површина, новиот Zenfone 6 има и одличен хардвер.

Zenfone 6 пристигнува со Qualcomm Snapdragon 855 процесор и ќе биде достапен во верзии од 6 GB RAM и 64 GB интерна меморија, односно 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија, а треба да се напомене дека има и можност за надградување на меморијата со microSD мемориска картичка.

Корисниците би можела да ги привлече и моќната батерија со капацитет од 5000 mAh и 18W брзото полнење преку USB-C влез. Секако, можеби најголемиот адут на овој телефон е цената која изнесува 500 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг