Пендаровски и Ахмети согласни: Главна цел на државата се преговорите за членство во ЕУ

Макфакс

20/05/2019

16:04

1.204

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, Пендаровски порачал дека државата е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО.

„Тоа е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата“, посочил претседателот на средбата.

Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата, а двајцата соговорници се согласиле дека главна цел на државата во моментов е отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг