Драматична порака на Фејсбук на Петтата флота на Воената морнарица на САД

Точка

20/05/2019

16:24

2.709

Големина на фонт

а а а

Земјите членки од Советот за соработка во Заливот започнале со засилување на безбедносните патроли во меѓународните води на Арапскиот залив.

"Reuters" пренесува дека тоа на Фејсбук го објавила Петтата флота на Воената морнарица на САД со седиште во Бахреин. 

На таа социјална мрежа е објавено дека земјите од GCC "посебно ја зголемиле меѓусебната комуникација и координација за да ја поддржат регионалната поморска соработка и морските безбедносни операции во Арапскиот залив".

Американската морнарица соопштила дека извела вежби во Арапското море со ударна група носачи на авиони пратена во Персискиот залив поради борба против наводните, неспецифични закани од Иран.

Морнарицата соопштила дека вежбите и обуката биле изведени со носачот на авиони "Абрахам Линколн" во координација со американските маринци, одржувајќи ја "агилноста на САД да одговорат на закани", како и да одвраќаат од конфликти и да ги штитат американските стратешки интереси.

Во вежбите учествувале и амфибиска група и 22-та експедициска морнаричка единица, кои исто така биле разместени во зоната на операции на американската Петта флота во Персискиот залив, пренесува "AP".

Вежбите, како што е соопштено, биле изведени во петок и сабота.

Бахреин, како сојузник на САД, вчера ги предупредил своите државјани да не патуваат во Ирак и Иран и побарал од оние кои се веќе во тие земји веднаш да се вратат поради својата безбедност, јавила тамошната државна новинска агенција BNA.

Министерството за надворешни работи на Бахреин како причини за своето соопштение ги навело "нестабилните регионални околности, опасниот развој и потенцијалните закани".

Предупредувањето доаѓа за време на тензиите меѓу САД и Иран.

Вашингтон во средата повлекол некои членови на персоналот од Амбасадата на САД во Багдад, поради загриженоста по повод наводните закани од соседен Иран.

Претходно, компанијата "Exon" го евакуирала својот персонал од ирачкото нафтено поле покраината Басра, во близина на границата со Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг