Најскапото кафе на светот изнесува 75 долари по шолја, еве зошто е толку посебно

Точка

20/05/2019

16:17

2.455

Големина на фонт

а а а

Една пржилница за кафе во Лос Анџелес нуди шолја од тој напиток за 75 долари и самата вели дека нејзиното кафе е најскапото кафе на светот.

“Klatch Coffee” објавил дека нивното кафе наречено “Elida Geisha Natural 803” e најскапо на светот, а клучот е во името: бројката 803 се однесува на 803 долари, платени за половина килограм од ова кафе на аукција. 


Кафето е продадено на аукција откако победило на натпревар за најдобро панамско кафе. Вкупно биле достапни само 50 килограми и тоа поттикнало жестоко лицитирање. Кафето било продадено на купувачи од Јапонија, Кина и на Тајван и на еден купувач од САД.

Конечниот купувач била токму калифорниската компанија “Klatch Coffee” која набавила 5 килограми од ова кафе и сега го продава по цена од 75 долари по шолја во еден од своите кафулиња во Сан Франциско, но по претходна резервација за ваквото “искуство”. 

Компанијата објавила на својата веб-страна дека кафето има цветен карактер и дека може да се почувствува арома на јагода, малина и боровница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг