Колку многу фановите се предадени на последната сезона од серијата Игра на тронови зборува фактот дека ни најмал детаљ не може да им “избега“.
После воочувањето на чашата од Старбакс во 4-та епизода, фановите во синоќешната епизода воочиле уште еден гаф на тимот - пластично шише со вода во една од разочарувачките сцени.
Фановите повторно го воочија гафот на тимот кој е задолжен за сетот, кој во текот на снимањето на сцената не го тргнал пластичното шише кое се наоѓа пред ногата на Џон Бредли, додека пак другото шише се наоѓа покрај столот на Сем Тарли.
Шишето се гледа на 46:19 минута кога Питер Динклиџ кој го глуми Тирион Ленистер доаѓа пред нив.
a water bottle in King’s Landing!! #got #gameofthrones pic.twitter.com/mwGQlsLwnh
— Beth (@bethisloco) May 20, 2019
Фановите повторно ја критикуваа екипата која дозволила да се случат вакви гафови во последната сезона на Игра на Тронови чие снимање траело речиси две години.
Меѓутоа, за разлика од Старбакс чашата која е препознатлива, брендот на флашираната вода останува мистерија, не е познато дали се работи за водата Фији или Евиан.