Трета среќа: Скарлет Јохансон се вери после две години љубовна врска

Кармин

20/05/2019

14:30

2.563

Големина на фонт

а а а

Оваа актерка по третпат ќе застане пред олтар додека пак за нејзиниот вереник ова ќе биде прв брак. Актерката Скарлет Јохансон (34) и актерот и сценарист Колин Џост (36) се на чекор од патот до олтарот.

Парот се верил после две години љубовна врска, а убавите вести ги потврди ПР-от на актерката наведувајќи дека датумот на венчавката не бил уште закажан.

Скарлет веќе двапати била во брак, првиот пат со Рајан Ренојлсд од кој се развела во 2010-та година. Овој актер е во среќен брак со Блејк Лавјли со која го чека третото дете.


Вторио брак на Скарлет исто така завршил неславно, а бил со францускиот новинар Ромејн Дуриак со кого има петгодишна ќерка Роуз, а од кој официјално се разведе во 2017-та година.


За нејзиниот иден сопруг ова ќе биде прв брак.

Овој пар својата романска ја објавиле во мај, 2017-та година, а две години подоцна пристигна и веста за нивната веридба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk