Зошто Здравко не може да добие отказ од една наша државна компанија!?

Точка

20/05/2019

13:10

2.183

Големина на фонт

а а а

Од срцепарателни вести никогаш доста, ама таква е нашата држава. Здравко е вработен државно со врски, но тој повеќе не сака да работи под државна капа, ама шефот не му дава отказ ради лични причини. Целата сторија, која препорачуваме да ја гледате во присуство на рамо за плачење, погледнете ја на Фчерашни.

Воедно, фчерашни новости во својата најнова епизода ексклузивно за своите фанови дознаваат како помина инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски и зошто на истата не беше присутен премиерот Зоран Заев, а како Стево се чуствуваше по тој повод. 


Во период на матурски вечери и гужви низ градот, Фчерашни успеаја да дојдат и до алманахот од најуспешните матуранти за изминатата година. Слушнете ги нивните песнички и по што тие матуранти се прославиле. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг