Актерката Емилија Кларк ја толкуваше Денерис Таргариен, мајката на змејовите во серијата “Game of Thrones”, пред емитувањето на последната епизода емотивно порачала дека жената која ја отелотворила, ѝ го зела целото срце.
“Поглавјето на мајката на змејовите го одреди целиот мој живот. Оваа жена го зеде целото мое срце. Се потев од пламенот на змејовите, пролеав многу солзи поради оние кои рано го напуштија нашето семејство и настојував на Калиси да ѝ донесам правда”, напишала Кларк на својот Инстаграм профил.
Последната епизода беше емитувана рано наутро, во 3 часот по наше време.
Емилија Кларк навела дека серијата ја обликувала неа како жена, како актерка и како човечко суштество.
“Само би сакала мојот драг татко да е сега овде да види колку далеку стигнавме”, напишала Денерис, заблагодарувајќи им се на своите фанови.
“Без вас нè нема нас”, порачала Кларк.