Ова нема да им се допадне на Иранците: Морнарицата на САД ја покажа својата моќ во близина на нивните граници

Точка

20/05/2019

13:03

2.833

Големина на фонт

а а а

Американската армија синоќа соопшти дека успешно се изведени вежби во Арапското море во кои учествувал носач на авиони.

Американската армија им ги покажа „мускулите“ на Иранците во нивното соседство – во воените вежби учествувал и носачот на авиони кој во Персискиот залив беше испратен од Пентагон за да се спротистави на можната ескалација на ситуацијата и евентуален напад на Иран на американските сили на Блискиот исток.

Воената морнарица на САД укажа на американската „подготвеност да одговори на секоја закана“, како и да спречи конфликт и да ги сочува стратешките интереси на Соединетите Американски Држави.

Воените вежби биле изведени во текот на петокот и саботата, а тоа од воената морнарица на САД го потврдија синоќа.

Да потсетиме, после тврдењата дека Иран претставува се поголема закана по безбедноста на Блискиот исток, Вашингтон пред две седмици во Персискиот залив испрати носачи на авиони, разурнувачи, како и стратешки бомбардери кои слетаа во американските воени бази во регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг