Улогата на родител најчесто не бира време, но во некои години е подобро да станете родители отколку во други. Некои велат дека е најдобро да имате дете во дваесеттите години додека пак другите ве советуваат дека најдобро е во четириесеттите години, па малку наидовме на дилема.
Како што изјавуваат експертите, здравствените проблеми се лошата страна и во текот на едните и во текот на другите години. Сепак вистинското време за раѓање е право на сопствен избор, но истражувањето кое го спроведе доктор Џон Мировски од Универзитетот во Тексас открива дека совршениот период за раѓање деца е 34 години.
Во овој период жените се оптимално здрави и подготвени за бременост. Други велат дека жените во овие години имаат идеална количина на енергија и доволно се зрели да имаат дете.
Доколку на сето ова го додадеме и фактот дека во овие години жените се финансиски постабилни и имаат поздрави љубовни врски тогаш ова навистина се идеалните години.
Жените кои не брзаат со бременоста имаат подобро здравје, подолго живеат и раѓаат поздрави бебиња.
Жена која првпат раѓа на 34 години има многу повеќе здравствени придобивки отколку младите девојки. Придобивките за здравје почнуваат на 22 години и растат до 34 години. На 35 години веќе почнуваат да се јавуваат проблеми кои кога жената се ближи на својата 40 годишна возраст стануваат поголеми.