Опасна игра на Трамп: Еве како претседателот на САД планира да го надмудри Путин

Точка

17/05/2019

20:12

5.422

Големина на фонт

а а а

Слушајќи го претседателот на САД, Доналд Трамп, тој практично звучи како отпадник во сопствената администрација: осамен службеник подготвен да прифати дека рускиот претседател Владимир Путин е доверлив и искрен.

Ники Хејли, поранешна амбасадорка на САД во ОН, минатата седмица го нарекла Путин непријател. Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, го нарекол Путин лажго. Државниот секретар Мајк Помпео, кој во вторникот се состанал со Путин во Сочи, неодамна ја обвинил владата на Путин дека го поткопува суверенитетот на Венецуела. 

Тука доаѓа и Трамп, кој изгледа како да е склон да го претвори поранешниот оперативец на КГБ во личен пријател. Во телефонскиот повик на почетокот на овој месец, претседателите љубезно разговарале за сознанијата од извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер за тоа дека кампањата на Трамп не соработувала со Русија за време на изборите во 2016-та. Според зборовите на Трамп, Путин се насмеал велејќи дека истрагата почнала како планина, а завршила како глушец.

Но, и натаму е мистерија фактот кој се појавил од кампањата од претседателските избори во 2016-та година: кој е коренот на почитување на Трамп кон Путин? Дали рускиот лидер има некој невидлив стисок над 45-тиот претседател?

Но, Трамп би можел да биде мотивиран со нешто друго, сугерираат неговите сојузници и административни службеници. Тие гледаат дека Трамп има тактика "добар полицаец, лош полицаец", која има за цел да одржи неопходен дијалог со лидерот со нуклеарно оружје. Оставете на Помпео, Болтон и другите да ја достават другата порака. Во меѓувреме, Трамп ќе се погрижи односите на врвот да останат срдечни, пишува "Atlantic".

Меѓутоа, ова размислување вели дека Трамп функционира не само со најдобри намери, туку и со кохерентна стратегија која го нарушува неговиот често импровизиран, лудачики стил. Дури и да е таков случајот, таквиот пристап има сериозни недостатоци. Трамп ги поткопува високите службеници кои предупредуваат на страшните закани кои Русија ги претставува за американските интереси. Странските лидери никогаш не се сигурни кој зборува за американската влада. И постои реална шанса дека на адутите на Трамп ќе им се случи бумеранг.

Некои експерти предвидуваат дека Путин ќе ја користи очигледната желба на Трамп за подобри односи, за да извлече отстапки од Белата куќа. Тоа значи дека Помпео оди директно во една од главните контрадикции на претседателството на Трамп - јазот меѓу зборовите на Трамп и делата на Владата.

"Идејата дека ќе кажеш убави работи за Путин и дека тој ќе го смени начинот на работа, не гледам докази дека тоа некогаш ќе се случи", вели Мајкл Мекфол, поранешен американски амбасадор во Русија за време на администрацијата на Барак Обама.

Службениците во администрацијата велат дека можеби, преку лична дипломатија, Трамп може да го убеди Путин да ги исполни американските цели, вклучувајќи го и отфрлањето на режимот на Мадуро во Венецуела и да помогне Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

Сепак, некои кои работеле на највисоките нивоа во администрацијата признаваат дека биле збунети од потезите на Трамп во арената на надворешната политика. Како тој ги добива своите информации уште не е јасно. Некои забележале дека Трамп доаѓа на брифинзи со идеи кои дошле од приватни телефонски разговори со луѓе кои сакаат тој да има наклонетост кон Русија, рекло лице запознаено со тоа прашање.

Трамп избегнувал судири еден на еден со Путин. Тој засега одбивал и да го обвини Путин за било што. Но дали ќе успее во својата тактика да го надмудри рускиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг