Кога трачот ќе стане вистина: Се разведува еден од најубавите селебрити парови?

Кармин

17/05/2019

12:46

5.384

Големина на фонт

а а а

Бредли Купер и Ирина Шајк наводно раскинале и одлучиле секој да тргне по својот пат. Оваа е информација за која последните денови се пишува сè почесто.

Еден од најубавите холивудски парови, манекенката и актерот, веќе некое време не живеат заедно, пренесува МТО.

Иако се нагаѓаше дека сето тоа е поради актерката и кантавторката Лејди Гага, со која Бредли поминуваше многу време поради филмот „Ѕвездата е родена“, непознат извор вели дека причината за нивната разделба сепак не е таа.

Причината поради која се разделиле наводно е желбата на манекенката да го споделува својот приватен живот јавно, што на актерот не му се допаѓа.

Имено, Бредли наводно сака приватниот живот да го чува подалеку од социјалните мрежи и очите на јавноста. Нивниот брак не функционира веќе некое време, уште пред претпоставките за аферата во која актерот го поврзаа со пејачката.

Ирина на социјалните мрежи во последно време објавува провокативни фотографи, а на Мет Галата се појавила сама, без својот сопруг.

Последен пат во јавност се видени на доделувањето на Оскарите, кое се одржа во февруари оваа година.

Бреди и Ирина се заедно уште од 2015-та година, а имаат и 2-годишна ќерка за што не зборуваат често во медиумите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk